петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 13

Според обложувалниците, шансите на Клинтон се 80 отсто

хилари

Последни вести

Последното истражување на јавното мислење објавено од институтот Ипсос во петокот, и дава предност од само 5 процентни поени на демократката Хилари Клинтон пред кандидатот на републиканците, Доналд Трамп, пред утрешните претседателски избори во САД.

Букмејкерите пак, се многу поубедени во победата на Клинтон, јавува БТА. Голем дел од нив, нејзините шанси за победа ги проценуваат на над 80 отсто.

Така на пример, британските обложувалници „Бетфер“ и „Ладброукс“ и ирската „Пади паур“ сметаат дека веројатноста Клинтон да победи е 83 отсто.

До вчера, во „Бетфер“ се заложени 130 милиони долари, речиси три пати повеќе во однос на претходните претседателски избори во САД во 2012.

За гласањето за Брегзитот, за споредба, вкупниот сума влогови изнесувала 159 милиони долари.

Најчитани вести