Според праксата на Уставен суд, Влада без потпис на Иванов ќе биде неуставна влада

Во јавноста некои политички центри се обидуваат да наметнат став кој е целосно нелегален и неуставен, дека Претседател на Собранието може да потпише указ, во услови на отсуство на Претседателот на државата.

Впрочем за ваква одлука на Претседател на Собрание која еднаш била направена, Уставниот суд се има произнесено и ја има поништено. Во 1998 година Уставниот Суд поништил потпис на Указ потпишан од Претседател на Собранието Тито Петковски, во услови кога тогашниот  Претседател на државата, Киро Глигоров бил на службен пат.

ukin

Се работи за Указот за прогласување на Законот за употребаата на грбот, знамето и химната на Република Македонија, кој во тоа време го има потпишано Претседателот на Собранието Тито Петковски.

Согласно Уставот на Република Македонија, јасно се прецизирани  случаите кога Претседателот на Собранието на Република Македонија ја врши функцијата Претседател на државата.

Првиот случај се однесува на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот на Претседателот на Републиката по сила на Уставот, кога функцијата Претседател на Републиката до избор на нов Претседател на Републиката, ја врши Претседателот на Собранието.

Вториот случај се однесува на настапувањето на условите за престанок на функцијата Претседател на Републиката , што го утрвдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.

Третиот случај се однесува на спреченост на Претседателот на Републиката да ја врши функцијата кога го заменува Претседателот на Собранието.

zamen

Кога Претседателот на Републиката е на службен пат, во својство на шеф на државата, тој всушност е во функција на Претседател на државата , а не затоа што е спречен да ја врши таа функција.

Со други зборови кога Претседателот на државата се е на службен пат, значи дека тој е во функција на државата, односно дека не  е спречен да ја обавува својата функција, поради што, според Уставниот суд, во таков случај, Претседателот на Собранието не е овластен да го заменува.

pric

Со ова пропаѓаат сите тврдења дека доколку Иванов е на пат Претседателот на Собранието може да потпишува укази во негово име.

utrvd

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.