Според релевантните анкети ВМРО – ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ по сите прашања и области

Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ по сите прашања и области. Ова го покажуваат двете последнообјавени анкети за испитување на јавното мислење. Анкетата на „Република“ со ИПИС покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има убедлива водство по сите прашања и групи пред СДСМ, според онаа на Брима Галуп ВМРО – ДПМНЕ има двојно водство пред СДСМ.

Анкета на „Република“ со ИПИС: ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство по сите прашања пред СДСМ

ВМРО има убедливо водство по сите прашања и групи пред СДСМ. Граѓаните повеќе веруваат во ВМРО-ДПМНЕ, отколку во СДСМ.

Според резултатите од истражувањето што го спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје по барање на „Република“, за сопствени потреби, владејачката партија има убедливо водство во девет точки според кои граѓаните требало да го дадат своето мислење.

republika-anketa

Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што може да отвори повеќе работни места, што има подобри економски резултати, подобра е од СДСМ во однос на обезбедување стабилност и безбедност во државата, како и дека води поголема грижа за ранливите категории од населението, за пензионерите, за земјоделците, за младите, велат резултатите од истражувањето што го спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје по барање на „Република“, за сопствени потреби, кое беше објавено вчера.

republika-anketa-1

Дури 51 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО – ДПМНЕ би била подобра партија за економијата и отварање на работни места, наспроти 24, 3 отсто кои довербата за ова прашање му ја даваат на СДСМ.

Во однос на борбата со корупцијата и криминалот 36, 1 отсто ограѓаните сметаат дека владејачката партија подобро би се справила со овој проблем, наспроти 28-те отсто кои довербата му ја довериле на СДСМ.

Во однос на стабилноста и безбедноста на државата 42 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би била партијата што подобро би можела да се справи со овој проблем, а според 25, 2 отсто тоа би била СДСМ.

Слична е состојбата и по однос на прашањето за интеграцијата на семјата во ЕУ и НАТО, како и за меѓуетничките односи.

Во однос на прашањата за поддршката на граѓаните во социјален ризик, како и за поддршката на пензионерите, земјоделците и младите владејачката партија има повеќе од двојно водство пред СДСМ.

republika-anketa-3

На прашањето, Која партија е подобро организирана и има повеќе кредибилитет во однос на исполнување на зацртаните планови  програми, 49,9 отсто се изјасниле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 18,5 проценти, кои одговориле дека СДСМ е подобро организирана партија.

Според анкетата на ИПИС и „Република“, граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра програма и подобар политички кадар од опозицискиот СДСМ.

Анкета на БРИМА ГАЛУП: ВМРО-ДПМНЕ со двојно поголема поддршка од СДСМ

Реномираната агенција Брима Галуп прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори. Бројките од анкетата објавена пред неколку дена покажуваат зошто СДСМ се плаши од избори и ги минира преговорите, со цел Македонија да ја изгуби препораката од ЕУ.

Анкета на БРИМА ГАЛУП: ВМРО-ДПМНЕ со двојно поголема поддршка од СДСМ
Анкета на БРИМА ГАЛУП: ВМРО-ДПМНЕ со двојно поголема поддршка од СДСМ

Според податоците добиени од истражувањето на јавното мислење на БРИМА ГАЛУП, владејачката партија има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на премиерот Груевски би гласале 23,5% од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ само 12,4%. Третото место го зазема ДУИ со 7,6%, четврта е ДПА со 3,5%.

Премиерот Никола Груевски е личноста во која македонската јавност има убедливо најголема доверба. Во испитувањето на јавното мислење на Брима Галуп, за македонскиот премиер доверба дале 21,4% од граѓаните. Груевски ужива 3 пати поголема доверба од лидерот на опозицијата Заев на кого доверба му дале 7,9% од граѓаните. Следуваат Али Ахмети и Мендух Тачи со по 6,1%, и 2,5% доверба од граѓаните.

Ова анкета јасно покажува кој се плаши од избори и сочување со волјата на народот. Граѓаните на Република Македонија, во огромно мнозинство сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би извојувала убедлива победа на предвремените парламентарни избори. Огромни 43,2% од граѓаните сметаат дека партијата чиј лидер е Груевски би однела победа на изборите. Повеќе од двојно помалку од граѓаните пак сметаат дека СДСМ би бил победник. Јавноста смета дека ВМРО-ДПМНЕ има два пати поголема поддршка од граѓаните во однос на СДСМ.

Резултатите од релевантните анкети кои покажуваат дека расположението на граѓаните е на страната на СДСМ, се доказ зошто СДСМ бега од избори, ги минира истите во немоќ кон стратегија на лажење и манипулирање, која прераснува во единствената сламка во која опозицијата го гледа спасот.

Порталот „Курир“ нагласува дека последните анкети покажуваат дека СДСМ како партија која без избори и поддршка од народот бара власт по секоја цена е прочитана од граѓаните. Заплашувањата и ароганцијата на СДСМ, како и нивниот поданички однос, аналитичарите сметаат дека ќе заврши на изборите кога граѓаните ќе го казнат СДСМ за штетите кои и ги нанесува на сопствената земја, а во насока на исполнување на лични и партиски интереси.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, во изјава за „Курир“ вели дека граѓаните гледаат кој ги исполнува ветувањата и така одлучуваат кому да веруваат. Од друга страна, на народот не му требаат негативни кампањи како што води опозицијата.

Граѓаните знаат да го ценат соодносот помеѓу она што е ветено и остварено. Со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ пред секои избори презентира програма која што подоцна ја имплементира и потоа пак пред новите избори се компарира она што е ветено и што е исполнето и повторно создава програма која што ветува дека ќе ја исполни. Се создаде едно доверба помеѓу гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и партијата во однос на исполнување на оние зацртани цели кои што ги има како партија и на тој начин имаме една стабилна поддршка во изминатите 7,8 години. Значи од изборите од 2007, 2008 година па се до 2014 година ние можеме да видиме дека ВМРО-ДПМНЕ има една стабилна поддршка од околу 480000 гласа во зависност од изборите. Тука можеме да говориме за едно стабилно гласачко тело кое што на некој начин е привлечено од тој сооднос помеѓу ветено и остварено. Од друга страна СДСМ има една историја на одредени ветувања кои што не се исполнети  затоа и самата доверба кај гласачите е многу помала , односно се пристапува секогаш со скептицизам во однос на нивните ветувања.  Дополнително тие ветувања не се доволно разработени и објаснети, односно СДСМ неколку циклуси немаше воопшто изборна програма туку само одредени ветувања  така да веќе гласачот е по едуциран и бара не само да му биде ветено туку и да знае на кој начин тоа ќе се исполни. А негативната кампања која што беше доминантна кај опозицијата во изминатите неколку изборни циклуси на некој начин може да има одреден ефект , но тој ефект може да биде само кон одредено намалување на поддршката кон оние кон кои е насочена таа кампања, односно кон ВМРО-ДПМНЕ, а никако не може да допринесе за зголемување на сопствената поддршка . Така да доколку СДСМ сака да ја намали таа разлика  помеѓу двете партии треба да се преориентира кон доминантно позитивна кампања со добро елаборирани ветувања кои што можеби ќе успеат да им донесат дополнителна поддршка, рече Божиновски за „Курир“.