Спорт

Според Румениге, УЕФА треба да продолжи со казните

Според Румениге,  УЕФА треба да продолжи со казните

Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, истакна дека УЕФА со казнувањето на ПСЖ ја докажала својата сериозност околу Финансиското Фер-Плеј Правило.

Шампионот на Франција беше казнет со 60 милиони евра, а приморан е и строго да го контролира своето трошење во наредните сезони.

Со истата казна помина и Манчестер Сити, додека од Интер, Ливерпул и Монако е побарано да достават дополнителни информации за нивното трошење во 2012 и 2013 година.

Румениге е уверен дека овие мерки се витални за зачувување на професионалноста и сигурноста на фудбалската игра во Европа.

“Позади ПСЖ стои огромна компанија со речиси непрекинат извор на пари. Со оглед на тоа дека силината на тимот е премногу зависен од трансфер пазарот, во францускиот шампион може да се инвестира бесконечно. Тоа не е фер”, истакна германецот за порталот Goal.

“Иако нивниот претседател Насер Ал-Келаифи е во многу брз автомобил, дури и Ферарито може да биде оштетено доколку вози премногу брзо”, се обиде сликовито да објасни Румениге.

“ПСЖ беше казнет минатото лето поради прекршоци. Тие добија висока казна и мораа да го смалат составот во Лигата на шампионите од 25 на 21. Ниеден претседател на клуб неможе да ги игнорира правилата на УЕФА”.

“Неколку клубови беа казнети. Мишел Платини сака неговиот проект да расте полека, и овие мерки се неопходни. Имаме професионален фудбалски свет, во кој околу 65 проценти од клубовите во Европа трпат финансиски загуби. Тоа не е здраво. УЕФА мора да продолжи со овој тренд и да казнува “непослушните”, во спротивно ќе продолжи нерационалното трошење на трансфер пазарот”.

Како и да е, Румениге нагласи дека го почитува обидот на ПСЖ да се врати во европската елита.

“Не ги осудувам ПСЖ. Дури и ги разбирам. Клубот дваесет години не играше никаква улога во францускиот фудбал, се додека не беше купен од шеик. Благодарение на огромните вложувања, ПСЖ е повторно во европскиот фудбалски крем. Како и да е, и ПСЖ, а и останати клубови мора да го почитуваат Финансиското Фер-Плеј Правило – немој да трошиш повеќе од тоа што го заработуваш”.