Спорни се околу 30.000 гласачи, од кои 90% етнички Албанци

По деталните проверки утврдено е дека спорни се 30-тина илјади од кои најголемиот дел, односно над 90 проценти се етнички Албанци.

И оваа бројка од 30 илјади не се фантомски односно измислени гласачи, туку реални луѓе кои имаат право на глас чии податоци во целост не се поклопуваат со базите на податоци со кои располагаат институциите или имаат проблем со адресите.

Дури и самите членови од ДИК кои не се од ВМРО-ДПМНЕ им укажале на членовите од СДСМ и претседателот на ДИК Александар Чичаковски дека се потврдило дека списокот е чист и дека непотребно СДСМ ширеле хистерија, бидејќи фантомски гласачи не постојат.

Соросовите медиуми, како и телевизии блиски до СДСМ вчера се обидоа да рашират шпекулации дека речиси пола милион гласачи од избирачкиот список се спорни. Ова по се изгледа наликува на нов маневар на опозицијата да ги избегне и изборите на 5 јуни, пишува НетПрес.

Според многумина оваа бројка која Соросовите медиуми ја лиферуваа , се коси со здравиот разум, бидејќи да прогласиш половина милион гласачи за спорни, фантомски или неконзистентни, термини со кои оперираа поддржувачите на СДСМ во текот на вчерашниот ден, е безмалку секој трет граѓанин на Република Македонија со право на глас од околу 1.700.000 избирачи во избирачкиот список  да го прогласиш за фантом.

Тоа значи дека во едно просечно македонско семејство со тројца членови со право на глас едниот според  соросовите медиуми е фантом, а тоа е или таткото, или мајката или нивното полнолетно дете.

Граѓаните во текот на вчерашниот ден коментираа со иронија дека ако прогласат половина милион гласачи за спорни – фантоми, тогаш ќе испадне дека сите се фантоми, а на СДСМ ќе му треба нов народ кој ќе му ја изгласа победата која никако не можат да ја остварат девет изборни циклуси по ред.

ВМРО-ДПМНЕ вчера изрази став по однос на шпекулациите кои беа лиферувани во одредени медиуми.

СДСМ, наведува во соопштението владејачката партија, на почеток почна со спорење на гласот на 1.000 граѓани, па го зголемија бројот на неколку десетици илјади, па потоа одеа со број помеѓу 150.000 и 200.000 граѓани за да дотуркаат до 500.000 граѓани кои се спорни за нивните медиуми.

– Како што се зголемува стравот и паниката во СДСМ, така се зголемува и бројот на граѓани кои се спорни за СДСМ и нема да не зачуди доколку во наредните недели тој број порасне на 2 милиони, оценува владејачката партија.