Спорот помеѓу Хрватска и Србија ќе заврши со отфрлање на обвиненијата?

Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда за взаемните тужби за геноцид на Хрватска и Србија, која заедно со образложението ќе биде објавена во првата недела од февруари, пишуваат српските медиуми.

Според стручната јавност, големи се можностите да биде објавена одлука за отфрлање на двете обвиненија.

Како што наведува весникот „Политика“ сеуште во најголема тајност се чува одлуката на трибуналот, но експертите за меѓународно право не очекуваат дека судиите ќе пресудат во корист на една од засегнатите страни во процесот, туку многу повеќе се уверени дека ќе биде донесена пресуда во која и двете страни ќе бидат обвинети за некои од злосторствата што ги сториле некои од хрватските, односно српските единици.

Весникот „Вечерње новости“ пак, нешто попрецизно, објави дека одлуката на судиите на Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе биде објавена на 3-ти февруари.