Спорот за доселеничките политики на Меркел ги разниша конзервативците, ја поткрепува десницата

Поделбите во конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел ја намалија поддршката за ткн „Голема коалиција“ и натаму га поткрепуваат евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) која достигна досега најголема популарност, покажува анкетата објавена во неделата.

Анкетата што ја спровела агенцијата Emnid за неделното издание на весникот Bild am Sonntag, покажа дека сојузот предводен од канцеларката Ангела Меркел меѓу нејзината Христијанско-демократска унија (CDU) и баварската сестринска партија Христојанско-социјална унија (CSU) има доверба кај 31 отсто од испитаниците, што е за два процентни поена помалку отколку во претходната анкета. Алтернатива за Германија (AfD) во истиот период го зголемила својот рејтинг за еден процентен поен и сега има 16 отсто, најмногу во сите досегашни анкети на Emnid. Социјалдемократската партија на Германија (SPD), кои се коалициски партии со конзервативците по речиси тримесечно преговарање, останаа на 18 отсто доверба.

Конзервативниот блок на Ангела Меркел е во длабок внатрешен раскол околу тоа дали треба имигрантите да се враќаат од германската граница, доколку биле регистрирани во некоја друга земја членка на Европската унија. Ова прашање го предизвика најголемиот раздор досега во сојузот, вклучително и во самата CDU, и претставува најголем политички предизвик за Меркел, но и за демохристијанската опција воопшто.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, поранешен челник на CSU и баварски премиер, каде што во октомври ќе се одржат локалните избори, се закани дека на пограничната полиција ќе ѝ нареди да ги враќа имигрантите од германските граници, доколку канцеларката не најде решение за ова прашање на ниви на ЕУ.

Волкер Каудер, од CDU, кој го предводи конзервативниот блок во парламентот, изрази жалење поради тоа што некои лидери ја ставаат под прашање иднината на сојузот, но истакна дека е прерано за негово распаѓање. „Парламентарната група продолжува да постои и е способна да дејствува“, рече за ZDF, додавајќи дека верува оти и натаму може да се постигне договор за имигрантското прашање.

Борис Писториус, министер за внатрешни работи на северната сојузна земја Долна Саксонија, ги обвини баварските конзервативци дека го предимензионираат обемот на проблемот со имигрантите.

Од друга страна, Маркус Зоедер, висок функционер на CSU и премиер на Баварија, во оваа сојузна земја планира кампањата да ја води без вклучување на Меркел, пишува весникот Welt am Sonntag. Тој наместо неа, во ова католичка германска покраина за разлика од остатокот од земјата кој е протестантски, го повика австрискиот канцелар Себастијан Курц, чијашто владејачка коалиција ја вклучува и крајната десница која влезе во владата откако и самиот Курц зазема поцврсти ставови во однос на имиграцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.