Андон Бошковски: Џабе ни е оваа победа ако не одиме во Топ 16

„Тоа беше клучно. Колку имаш подобар голман толку полесно ќе победиш. Не сакам да ја намалувам улогата на другите играчи, ова е голема победа, но ништо нема да значи ако не минеме во ТОП 16. Се надевам дека и ние и Металург ќе одиме понатаму. Металург денеска беше послаб, затоа победивме, но не мора да значи дека така ќе биде на вториот меч“, рече Бошковски.