Формула 1: Хамилтон најбрз во Канада

© EPA/VALDRIN XHEMAJ

Британецот Луис Хамилтон во болидот на „Мерцедес“ победи во неделата во трката за Големата награда на Канада, во трката за Светското првенство на Формула 1 на патеката во Монтреал.

Луис Хамилтон до својата 56-та победа во кариерата, трета сезонава и дури шеста во Монтреал, дојде со доминантно возење, а успехот на „Мерцедес“ со второто место го комплетираше Финецот Валтери Ботас.

Третото место го освои Австралиецот Даниел Рикардо од „Ред Бул“, додека четврто беше водечкиот во вкупниот редослед Германецот Себастијан Фетел, кому на почетокот од трката Холанѓанецот Весрстапен му го откина предното крилце, па падна дури на 18-то место.

На табелата за генералниот поредок води Фетел со 141 бод, а Хамилтон го следи со 12 бодови помалку.

Следната трка е Големата награда на Азербејџан, која ќе се одржи во Баку на 25 јуни.