Ѓуровски очекува позитивни промени во репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија веќе два дена се подготвува за утрешниот пријателски натпревар против селекцијата на Летонија, кој ќе се одигра на националната арена „Филип Втори” со почеток во 19 часот.

Новиот предводник на нашиот национален тим, Бошко Ѓуровски е свесен дека ова е еден нов почеток за репрезентацијата, дека повеќе го нема Горан Пандев и дека се можни многу позитивни промени.

„Ова е нов почеток за сите нас, прифативме голем предизвик и максимално треба да се посветиме на исполнување на обврските. Подготовките пред натпреварот претставуваат еден вид наше запознавање со играчите, пред се карактерно. Се надевам дека ќе ги прифатат моите принципи на работа, идеите ќе ги реализираме на терен и се надеваме на позитивни промени”, изјави Ѓуровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.