Игуаин откри зошто ја прифати понудата на Наполи

Најскапата аквизиција во клупската историја на италијанскиот калчолигаш Наполи, аргентиснкиот интернационалец Гонзало Игуаин откри зошто ја прифатил понудата на контроверзниот сопственик на „азурите”, Аурелио де Лаурентис за преселба на „Сан Паоло”.

„Кога еден таков човек, каков што е Аурелио де Лаурентис, ќе потроши толку многу пари за да реализира еден таков трансфер, тогаш мораш да бидеш благодарен. Вечно ќе му бидам благодарен и на Реал (М), на тие седум години кои ги поминав на “Сантијаго Бернабеу”. Научив многу од Ван Нистелрој, Роналдо и од Раул, но сватив дека е време на промена на клупската средина, за нова авантура.Го одбрав Наполи поради градот. Дали добив понуда од Јувентус? Бев желба на многу клубови, а меѓу нив и на Јувентус, но јас се одлучив за Наполи кој гради победнички тим”, изјави брзоногиот напаѓач.