„Комити“ се јавија со официјално соопштение!

Навивачката група „Комити Скопје“ се јави со свое соопштение и ги повика сите верни членови и оние на кои боите на Вардар им се драги, да го исполнат стадионот на дуелот против Фенербахче, откако успеаја да си ја одбранат Јужната трибина и гордоста.
Браќа Комити,

Пред нас е многу важен натпревар, играме двомеч за пласман во групна фаза од Лига на Европа, играме против Фенербахче, реномиран противник којшто има големо искуство настапувајќи тука но и во најреномираното натпреварување и заслужува респект…Но натпреварот е важен уште повеќе поради тоа што сме ние сега пред еден сериозен испит, каде треба да покажеме од што сме направени…

Неверојатно е дека бевме испровоцирани и повредени од луѓето од нашето семејство, бевме ставени во позиција да ги браниме вредностите и историјата на клубот и едноставно ни беше фрлена ракавица пред очи, бевме ставени пред тежок испит и беа испитани нашите граници на толеранција, но сега тоа е зад нас, се е подредено пред овој натпревар, забораваме на се и целиот наш фокус е тука…

Градскиот стадион е одбранет, Градскиот стадион повторно ќе биде во својот полн сјај, Градски повторно е црвено-црн! За тоа да биде така и во четврток на 17.08 сме должни сите ние да допринесеме…Имаме кратко време но сосема доволно да се консолидираме и да го наполниме стадионот.

Купувајте карти за Западната трибина, должни сме да ја наполниме како никогаш досега, сега ние ја фрливме ракавицата и немаме никаков избор освен да се прикажеме во најдобро светло и да покажеме дека борбата за одбрана на нашите идеали и вредности не е залудна…Цена на билетот е 300 денари, Блокови на Западна трибина: 25, 26, 27, 28, 29 и 30…Линк каде може да се купат билети онлајн:

https://sales.ticketplus.mk/OnlineSale/?id=314

Секогаш кога било потребно ние сме биле на висината на задачата и така мора да биде и сега. Пренесете го овој повик до сите ваши соборци од трибина, нашето старо членство, на сите оние на кои во вените им тече Комитска крв, Пренесете им дека Вардар живее вечно, и дека Скопје ќе гори на 17.08. во 20ч. Пренесете им дека сме должни со целото наше битие да ја одбраниме честа на Скопје и Македонија!

Пред нас е голем дуел, исто онолку важен како и дуелот со Копенхаген, пред нас е историја…Ние веруваме во Вардар, веруваме во можностите на фудбалерите, но за разлика од другите ние веруваме и во чуда. Едно чудо пред само еден месец стана реалност, Вардар стана Европски првак во ракомет!!!

Веруваме и во уште едно чудо, пласман во Групна фаза од Уефа Лига на Европа…

Ве повикуваме сите вас кои некој ве донел на Јужната трибина да го проследите вашиот првиот натпревар  на Вардар, Поклонете му билет, израдувајте го и споделете ја меморијата која ќе живее сѐ додека живееме ние. Вардар ќе живее се додека љубовта се пренесува од генерации на генерации…Пренесете ја повторно љубовта кон Вардар како што вам ви беше пренесена!

Не подлегнувајте на сервираните провокации, и не дозволувајте да бидете дел од сценарија од кои корист би имале други страни. Навиваме од срце за Вардар!

СОБИР – СОБОРЕН ХРАМ 17ч.

Повик и до фановите на гостинскиот тим од земјава и странство, Немојте ниту вие да бидете дел од провокацијата која има за цел да креира вештачка нетрпеливост таму каде што ја нема. Јужната трибина е нашата светост како и Западната, и билети за Јужна трибина немојте да купувате, за да не бидете дел од едно лошо сценарио креирано против нас и вас…Послушајте го нашиот пријателски повик и сместувајте се на Источната трибина која традиционално е резервирана за гостински навивачи. Доколку веќе сте купиле билети за Јужна, заменете ги за Источната по иста цена се. Вие не сте виновни, но тоа се емоции кои вие како вистински навивачи на вашиот клуб ќе ги разберете доколку се ставите во нашата позиција…“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.