Куп на конфедерации: Германија и Чиле во полуфиналето

Актуелниот светски фудбалски шампион Германија го освои првото место во Групата Б на Купот на конфедерациите со победата над првакот на Африка, Камерун во средбата од 3-то коло со 3:1 (0:0) одигран во Сочи, додека во полуфиналето се квалификуваше и првакот на Јужна Америка –Чиле, кој истовремено одигра 1:1 (0:1) против првакот на Азија, Австралија во мечот одигран во Москва.

Откако во првото полувреме немаше голови во Сочи, Германија поведе на почетокот од второто преку Керем Демирбај во 48 минута. Потоа Томо Вернер во 66 минута го зголеми водството, а Винсент Абубака во 78 минута успеа накусо да го намали водството на 2:1, но Вернер веќе во 81 минута погоди за конечните 3:1.

Во Москва поведе Австралија преку Џејмс Троази во 42 минута, а конечните 1:1 го постави Мартин Родригез во 67 минута.

Германија го заврши натпреварувањето по групи со 7 бодови, Чиле со 5, Австралија со 2 и Камерун со еден бод.

Германија така ќе игра во полуфиналето во четвртокот против Мексико, кој заврши како втор во Групата А, додека Чиле во среда ќе се соочи со победникот од Групата А, селекцијата на Португалија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.