Куп на конфедерациите: Португалија го освои третото место

Фудбалската репрезентација на Португалија, актуелниот шампион на Европа, го освои третото место на Купот на конфедерациите откако во дуелот за бронзата во Москва по продолжувањата го совлада Мексико со 2:1.

Откако првото полувреме мина во неуверлива игра за реномето на двата ривала, продолжувањето донесе многу возбудувања, три гола, три исклучувања, и низа шанси на двете страни.

Мексико беше поблиску до победата, водеше до судиското продолжение, но Пепе во последните моменти од натпреварот ја спаси Португалија и го одведен мечот во продолжувања а Адриен Силва со голот во 104 минута од пенал направи целосен пресврт на резултатот.

Мексико, како шампиона на Конкакаф групата, секунди го делеа од победата, но вкупно гледано Португалија, иако настапи без првата ѕвезда Кристијано Роналдо, заслужено стаса до триумфот. Роналдо по полуфиналниот пораз од Чиле отпатува во САД каде сурогат мајка му роди девојченце и момченце.

Најдобрата шанса во првото полувреме ја имаа Португалците кои можеа да дојдат во водство во 16 минута, но Андре Силва не ја искористи најстрогата казна. Мексиканскиот голман Гиљермо Пчоа го одбрани ударот на напаѓачот на Милан. Во 31 минута се заканија и Мексиканците преку Хавиер Ернандез, но Руи Патрисио ја исфрли топката во корнер. До крајот на полувремето Португалија имаше уште две полушанси, но непрецизни беа Нелсон Самедо и Гелсон Мартинс.

Поведе Мексико во 53 минута со автоголот на Лиуш Нето. Хавиер Ернандез уфрли од страна, Карлос Вела ја промаши топката, а Нето невнимателно ја заби во сопствената мрежа. Мексико можеби и можеше да го реши натпреварот во 57 минута кога Ектор Ерера изби сам пред Патрисио но лошо ја прими топката.

Само две минути подоцна Пици можеше да изедначи, но лошо шутираше. Во 61 минута голема можност имаше и Гелсон Мартин, но Очоа фантастично реагираше. Кога се чинеше дека Мексино ќе ја одбрани предноста, Пепе изедначи по нафрлувањето на Рикардо Кварезма. Стоперот на Реал Мадрид со нога ја ловеше топката и со крајни напори со акробатски скок ја спроведе во мексиканската мрежа. Лајин во 104 минута стана трагичар на мечот откако несакајќи играше со рака во својот шеснаесетник, но тоа беше јасен пенал, кој во водство го претвори Адриен Силва.

Португалија во 106 минута остана со играч помалку, откако поради втор жолт картон беше исклучен Нелсон Самеди, но во 112 минута втора опомена доби и Мексиканецот Раул Хименез. Во последната минута од мечот беше исклучен и мексиканскиот селектор Хуан Осорио поради приговор упатен кон неуверливиот саудиски судија Фахад ал-Мирдаси.

Во финалето вечерва во Санкт Петербург се среќаваат светскиот првак Германија и јужноамериканскиот шампион Чиле.