Мане го реши дербито на Ливерпул

мане

Стрелец на победничкиот гол за „Црвените од Енфилд“ беше сенегалскиот интернационалец Садио Мане во четвртата минута од судиското надополнување.

По овој триумф Ливерпул се искачи на втората позиција на табелата (37 бодови) со шест бода заостанување зад лидерот Челзи кој има 43 бода.

Евертон остана во средината на табелата со 23 бода.

Поради Божик во Англија нема да се игра фудбал претстојниот викенд, туку по традиција премиерлигашите нова рунда ќе почнат на 26 декември која ќе трае до 28 декември.