Металург му одржа лекција на Вардар, Наумче го пропушта ЕП ?

Македонскиот ракометен вицешампион Металург, го доби реванш натпреварот со македонскиот шампион Вардар во рамките на Регионалната СЕХА Лига. “Металурзите” во СЦ “Борис Трајковски” славеа со 22:21. Избраниците на тренерот Лино Червар, одиграа подобро во нападот и одбраната , а на полувремето заминаа со предност од два гола (10:8).

Во второто полувреме Металург, успеа на два пати да го зголеми водството на четири голови (14:10, 20:16), но и тоа не беше доволно да влезе во мирна завршница. Вардарци се вратрија во натпреварот и во финишот успеаја да намалат на еден разлика (22:21), имаа и четири секунди за да израмнат, но голманот Дарко Станиќ го одбрани ударот на Прибак, а потоа Душебаев ја смести топката во голот, но тој беше поништен од страна на судиите.

На овој натпревар македонскиот шампион не беше предводен од тренерот Андон Бошковски, кој беше отпуштен пред стартот на дерби дуелот со Металург. Овој натпревар го одбележа и тешката повреда на Наумче Мојсоски, кој според првите прогнози ќе го пропушт и настапот на претстојното Европско првенство во Данска, на стартот од наредната година.

„За девет дена одигравме три важни наторевари, два со Загреб и еден со Металург. Ова беше важен натпревар и заслужено победивме . Сепак, тажни сме поради Мојсоски. Навистина сум уплашен и стравувам за повредата на Наумче, а деталите и колку ќе паузира од теренот ќе биде познато утре”, изјави Червар