Нов гол на Барди за Леванте во триумфот над Реал Сосиедад

Последниот натпревар од петтото коло од Примера меѓу Леванте и Реал Сосиедад одигран синоќа заврши со триумф на домашниот тим од 3:0, а македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стрелец на третиот гол.

Леванте по пет години пауза успеа да го совлада Реал Сосоиедад, кој е инаку ривал на Вардар од групата во Лига Европа на УЕФА.

Ова беше втора победа за Леванте сезонава,  без пораз, а головите ги постигнаа: Чема 45 минута, Хозе Моралес 75 минута пенал и Барди 89 минута. Реал Сосиедад по трите стартни победи, претрпе два пораза.

Со новите три бодови Леванте се искачи на петтото место на табелата и се наоѓа во групата екипи со 9 бодови (Валенсија, Реал Сосиедад, Бетис) и се наоѓаат на табелата зад Барселона (15 бодови), Севиља (13) и Атлетико Мадрид (11).

На другите два дуела од петтото коло одиграни во четвртокот вечерта немаше победник: Виљареал – Еспањол 0:0 и Селта – Хетафе 1:1.