Одложен почетокот на мечот Арсенал – Келн

Натпреварот од првото коло од Групата Х на Лигата Европа меѓу Арсенал и Келн беше одложена за еден час поради хаосот пред стадионот кој настана поради тоа што повеќе од 20.000 навивачи на германскиот тим се обидоа да влезат на стадионот иако нивниот клуб доби само 3.000 влезници.

Полицијата првично успеа да ги задржи германските навивачи, но Германците го пробија кордонот и се обидоа насилно да влезат на стадионот. Дел од навивачите ги уран оградата, и влезе во физичка пресметка со полицијата и припадниците на обезбедувањето.

Медиумите наведуваат дека голем дел од навивачите се во алкохолизирана состојба и се стравува од уште поголеми инциденти во текот на ноќта.

Во текот на денот навивачите на Келн го „окупираа“ лондонскиот кварт Сохо, а пота во огромна поворка минаа по Оксфорд Стрит забавувајќи се и пеејќи. Полицијата објави дека во текот на денот немало инциденти ниту приведувања.

Гостувањето во Лондон е првиот европски натпревар за Келн по речиси 20 години, што предизвика еуфорија меѓу навивачите на германскиот клуб.