Пандев: Најголем проблем кај нас се поранешните селектори

Пандев: Најголем проблем кај нас се поранешните селектори
Пандев: Најголем проблем кај нас се поранешните селектори

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во емисијата „Куќа на фудбалот“ меѓу другото се осврна на состојбата во македонската репрезентација и случувањата во изминатиот период.

Според него најголемите проблеми во националниот тим се поранешните селектори и бивши фудбалери кои шират негативна енергија, а не се посветуваат на напредок на македонскиот фудбал, пишува МИА.

– Поранешни селектори и фудбалери се најголемите виновници што на нашите натпревари нема ниту две илјади гледачи. Најголем проблем кај нас се некои поранешни селектори и поранешни фудбалери. Оваа негативна енергија што ја направија околу репрезентацијата е од Џиџи, Јонуз, и многу други кои почнаа да се занимаваат со менаџерски работи. Доста е од Јонуз, Џиџи, Драган Томовски, Ангел Бунгуров…. Треба да дојдат нови лица, како Игор Митревски, Николче Новески, Баевски, бидејќи фудбалот не е ист со оној од пред 10-20 години. Фудбалот оди напред, истакна Пандев.

Македонскиот капитен го посочи поранешниот селектор Мирсад Јонуз дека барал од него да не се враќа во „црвено-жолтиот“ дрес.

– Јонуз беше кај мене во Џенова и негов став беше дека сега не е време да се вратам во репрезентацијата и дека јас треба да бидам следен претседател на ФФМ. Тоа не е моја желба и јас нема никогаш да бидам претседател на федерацијата. Мене никој не може да ми каже да не играм за Македонија, потенцира Пандев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.