Реал Мадрид без игра го победи Баерн Минхен

Првиот полуфинален дуел помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, заврши со минимален триумф на “кралскиот клуб” од 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 19 минута беше дело на францускиот интернационалец, Карим Бензема.

Иако доминираа во поголемиот дел од натпреварот и најчето играа на противничката половина, фудбалерите на Баерн Минхен  не создадоа ниту една посериозна шанса.

“Го загубивме овој важен натпревар. Не ни беше лесно, но има уште еден натпревар во Минхен. Се надевам дека моите фудалери ќе бидат во совршена форма за реванш дуелот на “Алианц Арена”. Нема ништо чудно во тактиката на Реал Мадрид, секогаш играат на контра напади, чекаат противникот да направи само една грешка. Сепак, бевме добро организирани во поголемиот дел од натпреварот и јас сум горд на моите фудбалери”, изјави по натпреварот предводникот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по натпреварот изјави дека таквата офанзивна игра, играта со многу додавања која ја форсира Баерн Минхен целосно им одговара на фудбалерите на “кралскиот клуб”.

“Игравме многу добро кога противникот ќе го забавеше ритамот на игра. Задоволен сум од контра нападите но и од тимската игра. Секој на секого му помагаше. Немам никаква замерка иако не ни беше лесно во одредени ситуации. Точно дека бевме во подредена улога, но сакам кога противникот форсира офанзивен стил на игра, игра со многу додавања. Таквиот стил на игра многу ни одговара”, изјави трофејниот италијански стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.