По РК Вардар, со своја реакција се јави и РК Металург

И Металург со своја реакција: Да се промени правилото кое го донесе РФМ

По соопштението кое РК Вардар го испрати во саботата, а со кое бара од РФМ да се промени одлуката за зголемување на таксите за регистрација на странски играчи и тренери, со своја реакција се јави и РК Металург.

Ракометниот Клуб Металург силно се спротивставува на последната одлука на УО на РФМ, со која за 50% се зголемуваат, лиценците за странски играчи во ракометната машка ВИП Суперлига на Македонија. Сметаме дека ваквата одлука е исклучително штетна за клубовите и за развојот на македонскиот ракомет.
Од тие причини РК Металург повикува и иницира итна, отворена, средба на раководството на РФМ со претседателите и со директорите на сите клубови учесници во машката Суперлига и единствената женска ракометна лига на која ке се отвори аргументирана дебата за спорната одлука.

РК Металург се јавува како иницијатор на ваквата средба за решавање на настаниот проблем, согласно утврдената клупска политика на одговорно спортско и општествено однесување и согласно заложбите за континуиран и системски развој на македонскиот ракомет во целина“.

РК Металург АД
Управен Одбор