Самсоненко: Вардар ќе гради нов стадион

Сопственикот на ФК Вардар, Сергеј Самсоненко на денешната прес-конференција на клубот ги обелодени најавите дека Вардар ќе гради нов стадион, односно дека бара земјиште за истото.

Значи, конечно во иднина Вардар ќе може да настапува на 100% свој стадион.

Досега Вардарци често пати поради нејасни причини мораа да ги одигруваат натпреварите во населбите Ѓорче Петров и Маџари.

Останува да видиме дали новиот стадион ќе биде во населбата Карпош или на друго место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.