Серена Вилијамс роди девојче

Американската тенисерка Серена Вилијамс родила во потокот девојченце, објави на Twitter нејзиниот тренер Патрик Муратоглу .

Ова е прво дете за 35-годишната тенисерка, поранешниот прв рекет во женскиот тенис, и нејзиниот вереник коосновачот на „Reddit“, Алексис Оханијан,. Серена Вилијамк годинава не се натпреваруваше од освојувањето на Австралија Опен во јануари, само на социјалните мрежи ги објавуваше своите труднички фотографии.

Вилијамс И Оханијан сѐ уште официјално не го потврдија раѓањето на детето, но гласините брзо се проширија на ЈуЕс Опен кој Вилијамс го освојуваше шест пати, па во саботата следеа честитки од нејзините спортски ривалки, како Шпанката Гарбине Мугуруза која ја упати од прес-конференција, а Американката Слоан Стивенс изјави дека одвај чека да го види бебето.

Вилијамс ја потврди бременоста во април откако нејзина фотографија се појави на социјалните мрежи, кога напиша „20 недели“, предизвикувајќи прашања. Имено, Серена веќе околу два месеца била бремена кога на Австралија Опен стаса до својата 23-ти грен слем титула.

Минатиот месец за магазинот Vogue Серена изјави дека има „пеколен план“ да ја одбрани титулата во Австралија на турнирот кој ќе се игра од 15-ти до 28-ми јануари следната година.

И други тенисерки паузираа на турнирите поради раѓање на дете, по што успеваа да се вратат на високо ниво, но ниедна досега тоа го нема сторено на возраст на којашто е Серена.

Белгијката Ким Клијстерс се повлече и роди дете пред да се врати на тениските терени со 26 години и освои уште три грен слем турнири. Австралијките Ивон Гулагонг Кејвли и Маргарет Курт, исто така, освојуваа грен слем турнири по раѓањето на деца.