Шумахер надвор од животна опасност

Поранешниот седумкратен шампион на формула 1, Михаел Шумахер е надвор од животна опасност, тврди Филип Стрејф, пријател на германскиот возач кој и понатаму се наоѓа во вештачки индуцирана кома после несреќата доживеана на скијање.

„Не сум лекар, ви го повторувам она што ми го кажа Жерар Саилан, хирург и пријател на семејството на Шумахер. Состојбата и понатаму останува сериозна, но Михаел не е повеќе во животна опасност за среќа”, рече Стрејф кој истотака е поранешен пилот на Формула 1.

Да се потсетиме, истражителите на несреќата во Франција, каде легендарниот возач доживеа тешка повреда на главата скијајќи на обележена патека при што после пад ја удрил главата од карпа, ја презедоа камерата која била фиксирана на кацигата на Шумахер за да се разоткријат детали за несреќата.