Шифрин ја продолжува доминацијата во слалом

шифрин

Американката имаше најдобри времиња во двете трки, па на крајот заслужено го освои првото место пред Вероника Велез Зузулова од Словачка, која заостана 64 стотинки, односно трето пласираната Венди Холденер од Австрија, која имаше 1,54 секунди послаб резултат од Шифрин.

За 21-годишната Американка ова беше четврта победа во слалом трките оваа сезона, инаку 15-та последователна победа во оваа дисциплина. Победничката серија во слалом Шифрин ја започна на 14 февруари 2015 година на Светското првенство во Бевер Крик во САД, каде го освои златниот медал.

Таа е водечка скијачка во Генералниот пласман со вкупно 698 бодови, пред Лара Гат од Швајцарија со 583 и Словенката, Илка Штухец, кој досега собра 495 бодови.