Тенис: Ѓорческа ќе игра во Киасо, Јотовски во Анталија

Најдобрите македонски тенисери во двете конкуренции Лина Ѓорческа кај жените и Томислав Јотовски кај мажите оваа седмица ќе имаат настап на фјучрс турнири.

Ѓорческа е рангирана како четврта носителка на турнирот што се игра во швајцарскиот град Киасо за награден фонд од 25.000 долари. Таа во првото коло ќе игра против Романката Кристина Дину, која има подобар меѓусебен скор (2-1 во победи), но во 2016 година Ѓорческа беше посупешна во единствениот одигран меч.

Во игра на двојки Ѓорческа ќе настапи со Алекандрина Најденова од Бугарија и како први носителки во првото коло се слободни. Ѓорческа своите први мечеви ќе ги игра во среда.

Јотовски на старот од фјучрсот во Анталија (утре наутро) ќе игра против 17-годишниот Бразилец Тиаго Себот Вилд. Ова за Бразилецот е прв официјален настап во сениорска конкуренција, а во квалификациите постигна три победи и се пласира во главниот турнир. Во игра на двојки Јотовски заедно со Вадим Алесенко од Украина ќе играат против првите носители Кристоф Негриту (Германија) и Владимир Зиловски (Украина).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.