Спорт

Тотенхем чека чудо на Стемфорд Бриџ, Јунајтед мора да победи

Тотенхем чека чудо на Стемфорд Бриџ, Јунајтед мора да победи

Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед нема право на нов кикс, и затоа, избраниците на Дејвид Мојс денеска имаат само една обврска, да забележат триумф во првенствениот дуел против секогаш незгодниот тим на ВБА.

Само со планираните три бод, „црвените ѓаволи“ можат да останат во игра за четврата позиција на табелата која гарантира настап во последното квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Сепак, саботните натпревари од 29. коло во англиската Премиер лига ќе поминат во знакот на градската пресметка на “Стемфорд Бриџ”, дуелот помеѓу вечните ривали, Челзи и Тотенхем.

Победата е императив за двете екипи, за домаќинот трите бода ќе значат зачувување на лидерската позиција, а за гостинот уште поголема надеж дека најпосле ќе биде освоено место кое води во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Денеска на програмата: Кардиф – Фулам, ВБА – Манчестер Ј., Кристал П. – Саутемптон, Норвич – Стоук, Челзи – Тотенхем.