Вардар минимално победи во Битола

Македонскиот фудбалски шампион минимално со 1:0 славеше на дербито во Битола, а Пелистер го забележа третиот пораз по ред во македонскиот шампионат.

Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Дејан Блажевски во 30. минута од натпреварот. Пелистерци до крајот се обидуваа да го совладаат Гачевски, имаа неколку шанси но за жал на домашната публика не успеаја да стигнат барем до реми.

Во другите неделни средби Работнички на домашен терен загуби од Академија Пандев со 1:2. Кире Маркоски беше трагичар на Работнички откако во 6 минута не реализира удар од белата точка.

Резултати: Скопје- Шкендија 1:2, Пелистер- Вардар 0:1, Работнички- Академија Пандев 1:2 и Силекс- Победа 1:0.