ВИДЕО: Рома со гол од пенал во 97 минута

рома

Членот на Серија Б, екипата на Чезена во првото полувреме беше рамноправен ривал, на моменти можеби и подобар противник и се чини заслужено на одмор се замина со реални 0-0.

За разлика од првото полувреме во вториот дел фудбалерите на Рома започнаа многу поагресивно и ја имаа контролата на играта. Како резултат на таквата игра стигна и водечкиот гол за „римската волчица“, кој беше дело на Џеко. Гостите се вратија во игра само пет минути подоцна, откако Гаритано во 73. минута израмни на 1-1.

И кога сите помислија дека ќе се игра продолженија, фудбалерите на Чезена неспретно реагираа па главниот судија во 95. минута досуди пенал за Рома, кој го реализира Тоти и донесе полуфинале за Рома.

Во полуфиналето фудбалерите на Рома за противник ќе го имаат градскиот ривал Лацио.