ЖРК Вардар новата сезона во ЛШ ја почнува од ФТЦ Будимпешта

Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција, ЖРК Вардар, ги доби во петокот противниците за новата сезона од Лигата на шампионите.

Вардарки, кои минатата сезона завршија како второпласирани откако во финалето загубија од Ѓер, во новата сезона предводени од Ирина Дибирова повторно ќе атакуваат на највисок пласман.

Тие вчера на ждрепката во Љубљана ги дознаа противничките во првата фаза по групи. Вардарки ќе играат во Групата Б против норвешки Ларвик, унгарски ФТЦ Будимпешта и победникот од квалификациската група 2 во која за првото место ќе се борат Турингер (Германија), Атлетико Гуардес (Шпанија), Хорс (Шведска) и Хипо (Австрија).

Во останатите три групи ќе играат:

А група: ЧСМ Букурешт, Никобинг, Крим, Висла Гдиња

Б група Б: Ѓер, Ростов, Митјиланд, Брест

Д група Д: Будуќност, Мец, Битигхајм, квалификант 1 (Кристијанштад , Подравка , Гомел  и Кастамону).

ЖРК Вардар сезоната ја почнува на 6 октомври на домашен терен, а планирано е да ја зврши на 19 ноември повторно со домашен натпревар против победникот од квалификациската група.

Вардар на ждрепката влезе како носител од првиот барабан и во главната фаза (во вториот круг) ќе вкрстува со тимовите од група Д (Будуќност, Мец, Битигхајм и победник од квалификациска група 1). Првите три екипи од секоја група ќе продолжат во Главна фаза каде се играат уште шест нови натпревари.

Термини за играње натпревари во групната фаза:
1 коло: 6-8 октомври 2017
Вардар – ФТЦ Будимпешта

2 коло: 13-15 октомври 2017
Квалификант – Вардар

3 коло: 20-22 октомври 2017
Ларвик – Вардар

4 коло: 3-5 ноември 2017
Вардар – Ларвик

5 коло: 10-12 ноември 2017
ФТЦ Будимпешта – Вардар

6 коло: 17-19 ноември 2017
Вардар – квалификант

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.