Спортинг бара 35 милиони, Јунајтед нуди шест милиони за Карваљо

Близок извор до таборот на Манчестер Јунајтед потврди дека клупските челници веќе неколку дена престојуваат во Португалија каде го договараат трансферот на стандардниот првотимец во дресот на Спортинг од Лисабон, Вилијам Карваљо.

Челниците на Спортинг од Лисабон пред неколку дена потврдија дека во договорот што го има потпишано младиот играч за врска има и ослободителна клаузула од 35 милиони евра, но раководните лица на Манчестер Јунајтед се убедени дека 21-годишниот интернационалец од Ангола не вреди повеќе од шест милиони евра.

Во следните неколку дена свои преставници во Португалија треба да испратат и челниците на Јувентус и на Реал (М), кои како и тие на Манчестер Јунајтед  ќе се обидат да ги осигураат услугите на Карваљо пред стартот на летниот преоден рок.