Спортот над сè – Маратонска победа на 8ми мај!

Само уште неколку дена нè делат од најголематаспортска манифестацијаво државата, Виз Ер Скопскиот Маратон. Во недела на 8ми мај, ќе се случи веќе познатата магија којајавно ќе покаже дека спортскиот дух може да ги сплоти и собере сите на едно место.

Бројот на пријавени учесници е и повеќе од задоволителен. Се очекуваат над 7.000 натпреварувачи спремни и полни со елан и мотивација, да се појават на стартната линија оваа недела и да го прават она кое што најмногу го посакуваат – да трчаат! Тргнувајќи одсрцето на главниот град, тие ќе ја започнат својата цел и ќе го истрчаат својот личен маратон, без разлика дали се работи за свој личен рекорд, дали се работи за вистинска победа со зграпчена можност да се застане на еден од трите пиедестали, прогласен за еден од трите најдобри или пак само за задоволството,чисто да се учествува и да се биде дел од еден ваков спортски настан кој е инспирација за многумина. Самиот културен микс на учесници од дури 45 земји е доволен да се присуствува на оваа манифестација од светски рамки, без разлика дали се работи за учество на маратонот (42.195км), полумаратонот (21.097км) или пак трката на 5 километри, изјавија организаторите на Виз Ер Скопскиот Маратон.

Учесниците кои се имаат пријавено на официјалниот веб сајт за претстојното овогодинешно издание на Виз Ер Скопскиот Маратон, ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети на 6-ти и 7-ми мај од 10:00 до 19:00 часот во холот на Конгресниот центар „Александар Македонски“ во Скопје, (поранешна Универзална Сала).

Годинешното издание на Виз Ер Скопскиот Маратон ќе се претстави со нешто несекојдневно овој пат. Оваа година Виз Ер Скопскиот Маратон е дел од онлајн платформата Codoon, која е наменета само за кинески корисници. На оваа платформа доброволно се пријавуваат лица кои ќе трчаат на различни локации во Кина, во исто време кога ќе се одржува и маратонот во Скопје на 8ми мај. До сега се имаат пријавено над 80.000 тркачи во Кина!

Како и секогаш, насловниот спонзор, Wizz Air, и овој пат не ги заборава главните двигатели на овој настан,а тоа се учесниците. Wizz Air на сите натпреварувачи ќе им додели вредносен ваучер од 20 евра, кој ќе може да се искористи за купување на билет за било кој летсо кои оперира оваа авионска компанија од и до Скопје.

Еден од најинтересните моменти на маратонот секоја година, освен прогласувањето на победниците на трките е секако и изборот на најдобра фотографија и најдобар транспарент. Организаторите најавуваат дека оваа година очекуваат креативни дела од граѓаните. Повеќе информации за конкурсите може да се најдат на официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон.

Сите заинтересирани лица кои доброволно имаат желба да учестуваат на малку поразличен начин, можат да се пријават за волонтирање за време на маратонот. Со својата волонтерска помош сите пријавени волонтери ќе бидат пример дека и покрај класичното маратонско трчање на учесниците, поддршката од спонзорите и пошироката јавност,и волонтерството може да допринесе маратонот да изгледа најдобро што може и во полн сјај на 8-ми мај оваа недела.

Повеќе информации за конкурсите за најдобра фотографија и конкурсот за најдобар  транспарент, може да се најдат на официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон.http://skopskimaraton.com.mk/. На официјалниот сајт дополнително ќе можат да се пријават и сите заинтересирани лица за волонтирање.

Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Мисијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Маратонот ќе се одржи на 8-ми мај по повод Денот на Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.