ВИДЕО: Објавен спот за новата Бонд песна

Објавен спот за новата Бонд песна. Откако новата Бонд песна се искачи на првото место на топ листата се појави и спот за неа. Песната “Writing’s On The Wall” на Сем Смит е снимена за најновото продолжение на Џејмс Бонд.

Во овој видео спот се опфатени и нови сцени од филмот „Спектар“, а меѓу нив и една страсна сцена во која го гледаме старсниот бакнеж меѓу агентот 007 (Даниел Крег) и новата Бонд девојка (Моника Белучи).

Забележително е и тоа дека во овој спот има многу малку акциони сцени, што е необично за еден видео спот за Џејмс Бонд и за што беа упатени поголем број критики од страна на обожавателите.

Видео спотот за песната “Writing’s On The Wall” беше снимен под режисерската палка на Лук Монаган. Инаку ова е негова втора соработка со Смит, претходно го режираше спотот за песната “I’m Not The Only One”.