четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 56

Спречен „неминовен“ терористички напад во Франција

Според францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ле Ру, апсењето на четири чица кои подготувале атентат се случило во петокот изутрина, што според него „помогна да се спречи непосредно планиран напад на француска почва", јавува дописникот на МИА од Париз.

франција

Поврзани вести

Акцијата на апсење ја извеле во раните утринските часови припадниците на антитерористичката Под-дирекција, после две недели истрага. Четирите лица се уапсени во петокот во Еро, Монпелје, Клапие и Марсејан. Тие се осомничени дека сакале да подготват напад во Франција.

Групата имала замисла да изврши самоубиствен напад на турстичко место во Париз со експлозивен појас, наведува телевизијата М6.

Осомничени се тројца мажи на возраст од 20, 26 и 33, и 16-годишно девојче. Девојката била забележана на социјалните мрежи, на кои изрази желба да замине во зоната на Сирија и Ирак или да нападне во Франција. Постарите осомничени се исто така познати по нивната радикализација. Најмладиот, роден во 1996 година, исто такаи е познат на полицијата поради тоа што изразил желба да оди во борбена зона.

Наводно, во нивните домови полицијата запленила 70 грама TATП. А бил пронајден и еден литар ацетон, исто количество на водород пероксид и сулфурна киселина, сите состојки за производство на импровизирана експлозивна направа, а запленета е и компјутерска опрема за време на пребарувањата.

– Се соочуваме со исклучително висок степен на терористичка закана, која бара од нас во секој момент да ги преземеме сите мерки за заштита на нашите граѓани, оцени од своја страна премиерот, Бернар Казнев.

Најчитани вести