Спречен шверц на цигари без бандерола

Полицијата спречи криумчарење на поголема количина цигари без бандерола кај Пехчево.

На 24-ти јуни околу 05.20 часот во близина на местото „Чемериков преслап“, атар на Пехчево од страна на полициски службеници било забележано теренско возило „Jeep“ без регистерски ознаки кое се движи по земјен пат во правец од местото „Бреза“ према државната граница, а во возилото се превезувале две лица.

Од страна на полициски службеници на возачот му бил даден знак за запирање на возилото, но истиот не ја почитувал наредбата ја зголемил брзината на движење и продолжил према Граничен камен 46, по што возилото го оставиле во близина на државната граница додека лицата побегнале.

По пронаоѓање на возилото бил извршен увид на местото на настанот, по што возилото и цигарите (во вкупна количина од 1505 штеки од марките „Грација Делукс“ и „Сани Слимс“) биле одземени за понатамошна постапка.

Исто така по преземени мерки од страна на полициски службеници бил лишен од слобода О.К. од Берово за кого постојат сомненија дека се превезувал во возилото во кое била пронајдена акцизната стока, додека по второто лице се уште се трага.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.