Спречен шверц на мигранти, настрада градежен работник

На 23.05.2016 година околу 05.50 часот од страна на патролен тим составен од УПС од ПС за ГН и ГП Богородица и УПС од Р.Словенија, на автопатот помеѓу с.Прдејци и с.Смоквица во правец на Скопје било забележано ТМВ марка „Рено“ со белгиски регистарски ознаки. При обид да биде извршена контрола над истото возачот застанал по што веднаш се дал во бегство. При прегледот во возилото пронајдени се 31 мигрант и тоа 28 од Пакистан и тројца од Индија со нелегален влез од Р.Грција во Р.Македонија. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС за ОН Гевгелија. Лицата се приведени во ПС за ГН и ГП Богородица за понатамошна постапка.

На 23.05.2016 година околу 12,30 часот во Битола покрај патот од с.Скочивир према манастирот Св.Архангел Михаил, при изведување на градежни работи дошло до излизгување на земјата и на работна машина ваљак, управувана од страна на Д.Т.(53) од Битола при што истиот се здобил со повреди и бил пренесен во КБ-Битола каде што му биле констатирани тешки телесни повреди (скршеница на карлица, набиеници на рацете, нозете и главата). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.