Спорт

Спречен терористички напад на стартот од Бундеслигата

Спречен терористички напад на стартот од Бундеслигата

Германските специјалци уапсиле човек осомничен дека е припадник на Исламската држава, поради тоа што „претставувал сериозна опасност по безбедноста на натпревар“, со кој ќе биде отворена сезоната во Бундеслигата, пренесува АФП.

Станува збор за 24- годишен сириски мигрант, соопштија властите, пренесува Ројтерс.

-Постојат идиции дека нешто било подготвувано во врска со почетокот на Бундеслигата, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на германската сојузна држава Рајна Палатинат.