Спречен терористички напад во Дизелдорф, уапсени тројца џихадисти

Германската полиција во Дизелдорф уапсила тројца сириски државјани под сомнение дека подготвувале терористички напад во Германија, пренесува Б92.

Како што јавуваат германските медиуми, уапсените Сиријци се товарат дека како припадници на Исламска држава имале задача да организираат бомбашки напад.

Министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер рече дека околу 4.500 до 5.000 радикализирани муслимани пристигнале во Европа од Сирија и од Ирак.

Исто така, тој истакна дека најмалку 810 од нив се на територијата на Германија и дека поголемиот дел од нив се повратници од Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.