Балкан

Спречена нова група од стотици бегалци на патот кон Едрене

Спречена нова група од стотици бегалци на патот кон Едрене

Нова група од неколку стотина бегалци, главно сириски бегалци денес биле спречени од страна на турската полиција на патот кон Едрене, кои од таму сакакат да влезат во Грција.

Околу 700 бегалци, кои неколку дена се блокирани на автобуска станица во Истанбул, каде властите не им дозволуваат да се качат во автобуси, одлучиле во текот на минатата ноќ да продолжат кон Едрене, кој се наоѓа на околу 250 километри од Истанбул.

Некои успеале да се качат во автобуси или автомобили, други продолжиле пеш, но биле спречени од полициските сили во предградијата на Истанбул.

Едрене е последниот голем град на турска територија пред границата со Грција и Бугарија.