Спречениот терорстички напад во Франција, требало да наликува на тој од 13 ноември 2015

Министерот за внатрешни работи на Франција, потврди по серијата на апсења во Стразбур и Марсеј на лица кои планирале терористички напади, дека истите можат да бидат споредени во однос на сложеноста и големината како тие од 13 ноември 2015 година, јавува дописникот на МИА.

Според обемот и сложеноста тие налекуваат на оние од 13 ноември 2015 година, во Париз, пред една година, кои беа спречени со бранот апсења во Стразбур и во Марсеј во текот на ноќта од саботата 19 ноември и недела 20 ноември. Според министерт Бернар Казенев од почетокот на годинава се спречени дваесетина напади во Франција.

Истражните органи се сомневаат дека планираните напади, требало да бидат „истовремени” и требало да се случат, според француските медиуми во Париз и Марсеј – но не и Стразбур. Седум лица беа уапсени како дел од оваа голема операција спроведена од страна на Дирекцијата за внатрешна безбедност (ДГСИ). Од нив, ниту едно лице не било забележано од полицијата за „радикализација”, но тројца имале криминални досиеја за кривични дела (две од Стразбур, едно во Марсеј), а двајца се „повратници”, млади луѓе за кои е утврдено дека тие биле или се обиделе да заминат во Сирија. Но, тие не биле забележани при нивните патувања од разузнавачките служби.

Посебна карактеристика на истрагата е нејзината тежина, траењето и употребата на техничката помош од внатрешната служба (SIAT), која управува со инфилтрирани агенти. Благодарејќи на агенти во контакт со лица кои се подготвувале да преземат акција, повеќе напади делумно беа спречени, според француските медиуми. А “стапицата” им била поставена, обидувајќи се да ги привлечат кон лажно складиште за оружје. Од четворицата уапсени во Стразбур двајца се француски државјани, еден француско-туниски и другиот француско-марокански. Трите лица во Марсеј се еден од Авганистан на 29 години, еден Мароканец од 36 години кои немаат постојано место на живеење во Франција, а на третото лице возраста и државјанството не беа обелоденети.

Меѓу уапсените во Стразбур, имало и вработен во основно училиште во градот. Во неговиот дом беа пронајдени два автоматски пиштоли. Според информациите, денот на и датумот на вработувањето е од пред почетокот на истрагата. За време на претресот извршен во Стразбур, се пронајдени многу експлицитни документи “, величајќи за мачеништво и повик за извршување терористички акти”, изјави извор близок до истрагата.

Отворени се две одделни прелиминарни истраги за секој случај на апсењата. Таа која се однесува на Стразбур беше отворена на 14-ти ноември, додека за Марсеј, три дена подоцна, на 17 ноември.

Сите овие апсења се резултат на истрагата, која започна во февруари и доведе до првата серија од пет апсења во јуни, неколку дена по почетокот на Европскиот шампинат во фудбалм чиј домаќин беше Франција и еден ден по атентатот на полицискиот службеник и неговата сорпуга во Мањавил. Во тоа време, се утврди дека тие поединци биле поврзани со лица кои се наоѓаат во Сирија. Пет лица беа од Сена-Сен Дени, Вал-де-Maрне и Париз. Три беа ослободени без обвинение, но две од нив беа обвинети и задржан во притвор: 38 годишно лице од Мозел, и уште 40 годишне лице од Мали, родено во Париз. Истрагата се уште е во тек, но првиот бран на апсења одговара на “финансиска” компонента на планираниот напад “спречен” овој викенд со новите апсења.

Апсењата кои се извршени во текот на овој викенд се однесуваат на „оперативниот” дел од групата, односно и лицата кои би можеле да преземат акција. Наводното откривање на дел од мрежата во јуни не ја попречува нивната определба да преминат во акција. Сите во моментов се во притвор, во просториите на Дирекцијата за внатрешнабезбеднсот. И покрај појавувањето на “ниско трошочен”, џихад како што беше случајот на 26 јули, со нападот нво Сант Етиен ду Рувре, кога беше убиен свештеник во црквата, овие апсења минатиот викенд покажуваат дека се уште има високо структуирани мрежи кои остануваат прикриени во Франција.

Успешноста на акцијата на Дирекцијата за внатрешна безбедност, ја поздрави личлно претседателот Франсоа Оланд со посебно соопштение до јавноста, во кое тој нагласува дека овие апсења спречија атентат на француска територија.

Според Франсоа Оланд со поселдните апсења, бројот на уапсените во Франција поврзани со теористички мрежи од почетокот на 2016 година изнесува 418 лица.
Францускиот претседател нагласува дека наспроти заканата која останува на високо ниво во Франција, се е нпаравено, во секој момент за да се заштитат французите,