Спречете ги болестите што настануваат поради недоволно движење

За подобра циркулација во зима, раздвижете ги и активирајте ги капиларите во телото, бидејќи според некои источни теории, крвта почнува да тече токму во овие многу мали крвни садови. За подобри резултати, развиена е специјална техника наречена капиларотерапија.

Тоа вклучува одредени движења на телото, тресење на телото со кренати раце и нозе. Поточно, во горните и долните екстремитети, постојат многу капилари, и кога ќе се тресат рацете и нозете, во овие крвни садови се појавуваат нови вибрации кои ја подобруваат циркулацијата во телото. Вежбата за капилари се прави во лежечка положба со кренати раце и нозе, бидејќи во таква положба крвта во екстремитетите се стреми надолу, и постепено создадениот вакуум, ќе доведе до забрзување на циркулацијата на крвта.

Се верува дека на овој начин може да спречат многу болести кои се јавуваат како резултат на недостаток на движење, слаба циркулација и слаб метаболизам.

Капиларотерапијата, инаку, има долга традиција во кинеската и јапонската народна медицина, и поради едноставноста и ефикасноста се повеќе се применува, затоа што ни помага да се ослободиме од вревата, стресот и добро да се протресеме по подолго седење.

Вежбањето е ефикасно за капиларите исто како трчање, но не ги оптоварува срцето и зглобовите, и може да се направи на било која возраст и без било каква физичка кондиција.

Од лежечка положба

Легнете на грб на тврда, рамна површина, и под пршлените на вратот ставете тврда перница или крпа свиткана во ролна. Кренете ги рацете и нозете, а стопалата свиткајте ги напред за да бидат паралелно со подот. Во оваа позиција, се тресат рацете и нозете од една до три минути наутро, а навечер треба да трае додека гласно да преброите до 240 или до 360.

Забелешка: Ова е еден од златните вежби на познатиот јапонски исцелител, основач на познатиот систем за зачувување на здравјето, професор Кацуџо Ниши. Тоа ќе ви помогне циркулацијата во целото тело значително да се зголеми, како штотуку да сте се вратиле од трчање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.