Спречен бомбашки напад врз зградата на Европската Комисија

Полицијата во Белгија пронајде експлозиви, кои биле наменети за напади врз зградата на Европската комисија во Брисел.

Во домот на двојка со холандско државјанство од турско потекло, пронајдени се огнено оружје и заштитни елеци.

Двајцата осомничени биле уапсени во август, но имаат соучесник, по кого се уште се трага и за кого се претпоставува дека заминал на фронтот во Сирија.

Сите досега спречени терористички планови за напади биле поврзани со џихадисти, кои се вратиле од Сирија или се поддржувачи на групацијата Исламска држава (ИД).

Во случајот со спречениот напад врз ЕК имало соучесници со белгиско државјанство, поврзани со групацијата Шеријат за Белгија. Осомничениот извршител е Французин од алжирско потекло, во чиј багаж беше пронајдено знаме на ИД.