Свет

Спречен напад врз британската кралица

Спречен напад врз британската кралица

Четворица радикални исламисти кои планирале напад врз британската кралица Елизабета Втора беа уапсени вчера во Лондон , објави Сан.

Мажитекои се возраст на меѓу 19 и 27 години планирале денеска да ја нападнат кралицата со нож. Засега Скотланд јард не ја потврди информацијата на таблоидот.

Според весникот тие планирале со нож да ја нападнат кралицата за време на денешното армиско чествување во Ројал Алберт Хол и на кое по планот требало да присуствува и Елизабета Втора.