Спречен обид за круимчарење авганистански мигранти

Пограничната полиција спречи обид четири Авганистанци нелегално да влезат во државата.

Од Министрството за внатрешни работи соопштуваат дека пред два дена спречен обид за круимчарење мигранти во земјава. Во неделата на регионалниот пат Валандово-Струмица кај местото викано „Грчки гробишта„ бил сопрен автомобил „мерцедес“ кој го управувал 44-годишниот Б.Б. При контрола на возилото биле откриени четири нелегални авганистански мигранти. Против Б.Б. е поднесена кривична пријава.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.