Спречен обид за шверц на метамфетамин на Деве Баир

На граничниот премин Деве Баир денеска спречен обид за шверц на метамфетамин.

Како што соопшти Царинската управа, на 20-ти овој месец за влез во Македонија е пријавено патничко  возило со  македонски регистарски таблички, управувано од возачот Р.Б. и совозач Ј.Л. и двајцата македонски државјани. Откако Ј.Л. било селектиран за претрес, од страна на царинските службеници  е упатено кон просторија во која се врши личен претрес. Пред да влезе во просторијата, осомничениот во еден момент се исплашил и од левиот џеб од неговата тренерка фрлил проѕирно најлонско ќесе на подот пред влезната врата од зградата, во кое царинските службеници пронајдоа 96 парчиња таблети со жолтеникава боја и непознат состав, на кои била втисната ознака ,,М”.

Со вештачење било утврдено дека станува збор за метамфетамин.

Против сторителите е поднесена кривична пријава.