Спречен шверц на хероин и марихуана

Цариниците во два одделни случаи вчера спречиле обид за шверц на килограм хероин и три килограми марихуана.

Во првиот случај царинските инспектори при личен претрес на Македонец, кој со автобус патувал на линијата Истанбул-Струга, пронашле и заплениле околу еден килограм хероин.

Вчера во 06:00 часот, на граничниот премин Богородица за влез во државата се пријавил автобус со турски таблички. Автобусот бил селектиран за детална контрола и при извршен личен претрес кај патникот И.И. (51), во внатрешноста на јакната што ја носел на себе, под поставата биле пронајдени 24 паковки со вкупна тежина од околу еден килограм хероин.

mar1

И.И (51) за сума од 7.000 евра во Истанбул набавил околу 1 кг. хероин, со цел истиот да го пренесе и да го продаде во Македонија. Тој планирал дрогата да ја продава во Тетово.

Осомничениот е уапсен, против него е поднесена соодветна кривична пријава и му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Истиот ден, цариниците, при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Струга – Виена, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце, под едно од седиштата пронашле најлонска кеса исполнета со три килограми марихуана.

Целиот предмет е предаден на Одделението за истраги, кои во координација со Основното јавно обвинителсво во Куманово презема дејствија и активности заради утврдување на сите факти и докази во врска со овој случај.