Спречен шверц на храна, девизи и цигари

Царинските службеници минатата недела открија обиди за шверц, при што е запленета поголема количина различна стока и тоа:

Храна, додатоци на исхраната и алкохолни пијалоци

– 75 кг сувомеснати и млечни производи (пршута, суџук, сушени телешки ребра, кајмак со пиперки и кравјо сирење), откриени на граничниот премин Блаце при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата. Производите се пронајдени во просторот за резервна гума и во повеќе патни торби сместени во багажниот простор и на задното седиште на возилото. Возчот изјавил дека производите ги набавил во Србија, а имал намера да ги носи за Турција.

– 50 кг пршута се откриени на граничниот премин Блаце, при контрола на автобус со црногорски регистарски таблички, управувн од црногорски државјанин, пријавен за влез во државата.

– 12 литри Vodka Smirnof и Jagermeister, откриени на граничниот премин Ќафасан при контрола на амбулантно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин, пријавено за влез во државата. На прашање на царинските службеници, возачот изјавил дека носи пациенти во болница во Струга и дека нема што да пријави за царинска контрола, но при извршената контрола, позади совозачкото седиште, прекриени со црна најлонска кеса се пронајдени 2 картонски кутии со по 6 шишиња Vodka Smirnof и ликер Jagermeister.

Забни импланти

– 2.458 забни импланти и инструменти (импланти ROOTT, делови од импланти, инструменти, алат и апарати за вградување на импланти и пластични модели за протези), откриени на граничниот премин Деве Баир, при контрола на бугарско возило, со кое за влез во државата се пријавиле бугарски државјанин како возач и државјанка на Литванија како сопатник.

Репроматеријали и готови текстилни производи

– 2.312 м2 памучна ткаенина, откриени од страна на Службата за надзор на иматели на одобренија при Царинарница Штип, при контрола на производните погони и магацинот за суровини на фирма од Кочани, имател на одобрение за постапки со економски ефект – привремен увоз за облагородување. Пронајдената стока не била евидентирана во книговодствената евиденција, а правното лице не приложи доказ дека се платени царинските давачки за истата. Против сторителот е покренато барање за поведување на прекршочна постапка  пред Комисијата за одлучување по прекршок. Покрај тоа, при контролата беа констатирани и пропусти во обезбедувњето на следливоста на стоките кај 17 увозни декларации, поради што на правното лице му се изречени 17 мандатни казни.

– 19 делови од носии (димии, кафтан, кошули, појас и украси), откриени на граничниот премин Блаце при контрола на косовски автомобил, управувно од косовски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените производи се пронајдени во кеса сместена во багажникот на возилото.

Цигари

– 33 штеки цигари YORK, BOND STREET, 57 FILTER, RONDO BLUE, BRAND и Monte Carlo со македонски акцизни маркички, откриени на граничниот премин Дојран, при контрола на бугарски автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата. Непријавените цигари беа сокриени во фабричка шуплина во багажникот и во внатрешноста на контролната табла на возилото.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 312 пара бебешки обувки со ознака на заштитена трговска марка, откриени на граничниот премин Богородица при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за фирма увозник од Босна и Херцеговина.

– 2 мобилни телефони со ознаки на заштитена трговска марка, откриени на царинската испостава Пошта Скопје, при контрола на две пратки, едната од Шведска, наменета за физичко лице од Тетово, а другата од Сингапур, наменета за физичко лице од Скопје.

Casovnici,tabanovce Implanti i oprema,D.Bair Tengerinja,cinii,Gevgelija