Спречен шверц на марихуана на Табановце

Осумнаестгодишник од село Врапчиште на Божик се обидел да прошверцува 500 грама марихуана преку граничниот премин Табановце, на излез од Република Македонија.

Како што сооопштија од Царинската управа, инспекторите од Мобилните тимови и царинските службеници од граничниот премин Табановце во рамките на акција „Таргет“ спречиле обид за шверц на марихуана.

marih-2.jpg-500

– На 7 јануари околу 17 часот на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки што сообраќал на редовна линија Кичево – Анзбах, по што бил селектиран за детален преглед. За време на прегледот користено е и царинско куче, со помош на кое во еден куфер сместен во багажниот простор од автобусот (за кој возачите изјавиле дека им го дало непознато лице на автобуската станица во Гостивар), во картонска кутија пронајдена е непозната материја од растително потекло со зеленкаста боја со тежина од околу 500 грама. При извршеното тестирање со тестер за дрога утврдено е дека станува збор за наркотична дрога марихуана, се наведува во соопштението.

marih-3.jpg-500

По превземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги, утврдено било дека куферот до автобуската станица го донело и го предало на возачите, лицето А.Б. (18) од село Врапчиште, по што бил лоциран на територијата на истоимената општина.

– Од Основниот суд Гостивар е побарана наредба за претрес при што, во соработка со МВР извршен е претрес во домот на осомниченото лице но истиот не е пронајден. По опширната потрага на територијата на општина Врапчиште, осомниченото лице лоцирано е во угостителски објект во селото и лишен е од слобода од страна на инспекторите од Одделението за истраги, стои во соопштението на Царинската управа.

marih-4.jpg-500

Осомничениот е предаден во надлежност на Основниот суд, а Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.