Спречен шверц на тутун и лекови на коњ кај Долно Блаце

Синоќа околу 20 часот, во атарот на селото Долно Блаце, полицајци забележале сомнително лице со коњ на кој биле натоварени лекови и тутун, информираат од МВР.

Полицијата му издала наредба да застане, а лицето го оставило коњот и бегајќи се упатило кон границата со Косово.

При претсресот на самарот на коњот, пронајдени се 1.124 медикаменти и 100 килограми тутун. Полицијата трага по лицето, а во меѓувреме и испитува дали тоа е вмешано во нелегална трговија со лекови.