Крими хроника

Спречено криумчарење на 34 мигранти

Спречено криумчарење на 34 мигранти

Министерството за внатрешни работи во два одвоени случаи спречи криумчарење и транспорт на 34 илегални мигранти за што кривично се пријавени три лица.

Во првиот случај, Регионалниот центар за гранични работи Север до ОЈО – за организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против лицата С.З.(43) и  Б.С.(54) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење на мигранти“ предвидено по член 418-б став 2 од КЗ на РМ. На лицата од страна на Судија за претходна постапка им  е  одредена мерка притвор во времетраење од по осум дена.

На 28 минатиот месец околу 22 часот во с.Долно Блаце, во непосредна близина на граничната линија меѓу РМ и Косово, од страна на УПС од ПС за ГН „Блаце“, биле сопрени  две патнички моторни возила „Опел Вектра“ и ПМВ „Фолксфаген Венто“ , двете со скопски регистарски ознаки управувани од двајцата пријавени лица при што во истите се превезувале десет  илегални мигранти. Лицето Б.С. при обид да биде легитимиран од страна на УПС, го стартувал возилото и се обидел да го прегази полицискиот службеник по што се дал во бегство но истиот изгубил контрола над возилото и удрил во поголем камен и возилото запрело.  Од извршениот разговор со пријавените утврдено е дека на 28.09. околу 20,00 часот на второпријавеното лице телефонски му се јавил неговиот пријател вработен во такси компанија и му кажал да се упати во чајџилница во с.Визбегово каде требало да го чека првопријавениот. Бидејќи и претходно вршел криумчарење на мигранти знаел за што се работи и се согласил. Откако се сретнал со првопријавениот од местото ги качиле илегалните мигранти во возилата и се упатиле кон с.Долно Блаце каде во близина на граничната линија меѓу Р.М и Косово биле запрени од страна на полициска патрола.

Во вториот случај исто така на крајот од минатиот месец, Регионалниот центар за гранични работи Север до ОЈО – за организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Р.П.(22)  од с.Лојане поради основано сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Од страна на Судија за претходна постапка на пријавениот изречена  му  е мерка притвор во времетраење од  30 дена.

Имено, на 29.09. околу 19 часот на место викано „Мокро поле“, од страна на УПС од ПС за ГН „Белановце“, бил забележан  трактор марка „ИМТ“, црвена боја  со приколка, кој бил управуван од пријавениот во која истиот превезувал 24 лица, илегални мигранти од Сирија, Авганистан и Судан. Од извршениот разговор со Р.П. тој изјавил дека дента околу 17,00 часот со својот трактор се упатил кон околната шума, поточно кон место викано „Стража“ со намера да бере дрва, по што наишол на поголема група на мигранити кои побарале да се качат во приколката, истите се качиле во приколката и по одредено време бил сопрен од страна на полициската  патрола.

Извршен е разговор и со еден од мигрантите при што истиот изјавил дека илегално остварил влез во РМ од Р.Грција во близина на ГП Богородица заедно со неговиот брат и уште двајца другари при што откако пристигнале во с.Лојане на непознато лице од Пакистан му платиле 400 евра по човек со цел да ги пренесе до Р.Србија, по што тој ги однел пеш до тракторот. Истовремено од извршен разговор со друго лице од групата мигранти, констатирано е дека истиот илегално остварил влез од Р.Грција во близина на ГП Богородица заедно со неговата сопруга и брат, при што откако пристигнале во с.Лојане,  биле сместени во некој камп каде што непознато лице од Бангладеш пеш ги однел до тракторот кој ги чекал во близина на с.Лојане.